
Тетовските оџи со иницијатива Ријасетот на ИВЗ да ја поништи одлуката за рaзрешување на тетовскиот муфтија
Тетовското муфтиство не го дава тетовскиот муфтија. Покрената е иницијатива Ријасетот да ја поништи одлуката за разрешување на тетовскиот муфтија преку собирање на потписи на верските работници. Поддршка на иницијативата дале 65 од вкупно 95 активни џамии кои се под тетовското муфтиство.
Препорачано
„По создадената тензична ситуација со одлуката на Реисот и Ријасетот на ИВЗ на 8 ноември 2023 година, бараме од Реисот Шаќир Ефенди Фетаху и Ријасетот да ја повлечат одлуката за разрешување на тетовскиот муфтија професор доктор Ќани ефенди Несими како и противуставната одлука за избирање на новиот муфтија Сервет Џемаили. За оваа петиција имаме листа од 232 потписи од 65 од вкупно 95 активни џамии каде се вклучени верските работници. Една копија е предадена на муфтиството и една ќе биде предадена на Ријасетот“, изјави оџа Ирфан Емурлаи од тетовското муфтиство при ИВЗ.
Инаку тетовскиот муфтија Ќани Несими во декември минатата година обвини дека Ријасетот и Реисот на ИВЗ незаконски го разрешиле од местото прв човек на тетовското муфтиство на одржаната седница на 8 ноември минатата година, а на негово место поставиле ВД муфтија. Тој изјави дека на самата седница се прекршени повеќе точки од уставот на ИВЗ.
Несими тогаш ги повика локалните и централните институции, но и странските амбасади да го разгледаат случајот со неговото незаконско разрешување, со цел како што рече да се испочитува уставот на ИВЗ.
Незаконски сум разрешен, вели тетовскиот муфтија Ќени Несими