Фото: mia.mk

Тетовец се заканувал на полицајци во полициска станица

Вчера во 12.45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Б.З.(41) од тетовско Горно Седларце, затоа што во просториите на полициската станица агресивно се однесувал и се заканувал на полициските службеници кои вршеле службени дејствија, а се обидел и физички да нападне еден од нив.

Тој е задржан во полициска станица и при преглед во неговото возило бил пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот