Тешко повреден 69-годишен маж кој удрил во паркиран „голф“ и трактор во Злетово

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Шеесет и деветгодишен маж е тешко повреден откако удрил во паркиран „голф“ и трактор во Злетово.

„Вчера во СВР Штип било пријавено дека во 11.00 часот на улица „Македонија“ во Злетово, патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот Т.М., удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, сопственост на М.П. и во паркиран трактор „имт“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на К.Г., сите од Злетово“, извести МВР.

По овластување на јавен обвинител, бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот