Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Тешки денови се ближат за пушачите во Шпанија – се забранува пушење на плажи, стадиони, тераси…
Шпанската влада поднесе закон за забрана на пушење на отворени места, вклучувајќи плажи, барови, ресторани, автобуски станици и стадиони. Забраната ќе се однесува и на електронските цигари, кои се сè попопуларни кај младите, пренесува „Гардијан“.
Препорачано
„Секогаш ќе го ставаме јавното здравје пред приватните интереси. Секој има право да дише чист воздух и да живее подолг и подобар живот“, изјави министерката за здравство Моника Гарсија.
Угостителскиот сектор го критикуваше законот, бидејќи надворешните тераси, кои се користат во текот на целата година, се популарни кај пушачите. Пушењето во затворен простор е забрането од 2011.
Сличен закон беше донесен во Франција во јули, но забраната не ги вклучи терасите на кафулињата и електронските цигари.
Над 50.000 луѓе умираат секоја година во Шпанија од причини поврзани со пушењето или околу 137 дневно, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
25мин
-
27мин
-
39мин
-
41мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5