Фото: Инстаграм, Јутјуб

Тешката болест ја совладува Шенон Доерти – Подготвив облека за погребот, сакам да бидам убава!

Актерката во едно интервју изговорила морбидна реченица, која ги шокирала сите нејзини фанови…

Американската актерка и продуцентка Шенон Доерти (49), која се стекна со светска слава со улогата на Бренда во серијата „Beverly Hills 90210“, повеќе години се бори со својата тешка болест, а во последните неколку седмици нејзината здравствена состојба навистина многу се влошила.

Фото: Профимедиа

Таа неодамна признала дека пишува писма со кои што ќе се збогува од своето семејство и своите пријатели, но и дека снима видео пораки за сите, видеа кои што сака да останат и по нејзината смрт со цел да ги потсетува на неа. Таа исто така додала дека пронашла и песна која што сака да ѝ ја свират за време на погребот.

Станува збор за популарната песна „Tears in Heaven“, а сега открила дека исто така избрала и облека во која што сака да биде погребана:

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Знам во што сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан кој што го добив од една од најдобрите пријателки пред неколку години. Во него се чувствувам посебно. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во добро сеќавање“ – започнала таа.

Фото: Инстаграм

„Во последните неколку месеци се трудам да ги поправам односите, да им се извинам на луѓето кои што сум ги повредила – свесно или несвесно. Настојувам да живеам со полни гради и да уживам во тоа малку време колку што ми остана“ – изјавила актерката.

Фото: Инстаграм

„Се плашам, нормално дека се плашам. Не знам што ме чека кога ќе го испуштам последниот здив и каде ќе отиде мојата душа. И тажна сум, тажна затоа што нема да можам повеќе да ги видам моите пријатели, да се дружам со нив, да ги бакнувам и прегрнувам. Мора да прифатите да живеете со сите лоши и добри работи“ – заклучила таа.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот