Полиција / илустрација / Фото: Општина Центар

Тешка сообраќајна несреќа на патот Пехчево-Делчево, тројца луѓе се повредени

Тројца луѓе се повредени, од кои еден тешко, откако се судриле два автомобила на патот Пехчево-Делчево, соопшти МВР.

„На 10.07.2025 во 15.10 часот во Полициската канцеларија Пехчево е пријавено дека на регионалниот пат Пехчево–Делчево, на место викано „Негревска чекална“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.Ј.(53) од Македонска Каменица и патничко возило „форд“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(42) од с.Панчарево, пехчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „форд“ Н.Ф.(39) од Пехчево, а со телесни повреди се здобиле возачот В.П и уште еден негов сопатник В.П.(42) од с.Панчарево, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот