Тешка сообраќајка на патот Штип – Кочани: Еден патник загинал, тројца завршиле со повреди

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на експресниот пат Штип – Кочани, еден патник го загубил животот, а уште тројца завршиле со повреди.

Во несреќата се судриле автомобили „Фолксваген Поло“ и „Рено“ со бугарски регистарски таблички.

Несреќата се случила во раните утрински часови, а во едно од возилата имало работници. Еден од патниците, поради сериозноста на повредите, бил пренесен на скопските клиники каде што подоцна им подлегнал на повредите.

Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на настанот за да ги утврдат причините. Неофицијално, како можни фактори се споменуваат неприлагодена брзина и лизгав коловоз, но официјални информации се очекуваат од МВР по завршување на истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот