Тешка сообраќајка кај велешко езеро, повредени три лица

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера кај Езеро „Младост“ три лица се повредени од кои еден од нив се здобил со тешки повреди.

„Вчера во 18.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Езеро „Младост“, во близина на крстосницата кај с.Башино село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа мито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.М.(31) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., додека другиот возач И.А. и неговата сопатничка М.Б.(25) од с.Водоврати, општина Градско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес“, информираат од МВР.

По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот