Тешка несреќа во Битола – автомобил удри во пешак и во неговото куче

Пешакот бил веднаш пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и се бори за живот.

Тешка сообраќајна несреќа во Битола заврши со тешко повреден пешак и угинато куче. Инцидентот се случил во понеделникот навечер, околу 18:30 часот, на крстосницата меѓу улиците „Партизанска“ и „Север Југ“, кога патничко возило „пежо“ со битолски регистарски таблички удрило во пешак и во неговиот миленик.

Возилото го управувал Г.М. (49) од Битола, а во несреќата тешко повреден е 45-годишниот Ѓ.Х., исто така од Битола. Кучето не ја преживеало несреќата и починало на лице место.

Пешакот бил веднаш пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и се бори за живот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, која ги истражува околностите и причините што довеле до несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот