
Терапија со бои: Кoja боја нè „подигнува“ кога сме тажни, а која ја ублажува болката
Терапијата со бои, позната и како хромотерапија, е облик на алтернативна терапија што користи бои и светлина за подобрување на менталното и физичкото здравје. Овој пристап датира уште од времето на старите Египќани, кои користеле простории со обоени стакла и сончева светлина за лекување. Утврдено е дека визуелизацијата на бои го смирува умот и телото без да предизвика вознемирувачки мисли, пишува „Е-клиника“.
Препорачано
Дали боите влијаат на нашата „енергија“?
Иако хромотерапијата добила популарност низ годините, таа сè уште не е прифатена во рамките на западната медицина и честопати се смета за псевдонаука. За разлика од психологијата на боите, која се занимава со тоа како боите влијаат на однесувањето и перцепцијата, хромотерапијата се базира на непотврдена претпоставка дека боите можат да влијаат на човековата енергија и здравје.
Секој од нас, барем еднаш, почувствувал како боите влијаат на расположението. Зеленилото во природата за некои делува како моментален стимуланс, додека други се чувствуваат подобро кога носат жолта облека.
Како се спроведува терапијата со бои
Постојат два основни начина:
- Визуелна стимулација – гледање во одредена боја со цел да се предизвика саканиот ефект.
- Проекција на светлина во боја – насочување обоена светлина кон одредени делови од телото.
Се верува дека бојата може да влезе во телото преку очите или кожата. Секоја боја има своја бранова должина и фреквенција, што создава различен ефект врз организмот. Топлите бои обично се користат за стимулација, додека ладните – за смирување.
Кога и како боите може да помогнат
Хромотерапијата се применува кај:
- стрес
- депресија
- агресија
- висок крвен притисок
- нарушувања на спиењето
- анксиозност
- кожни инфекции
- некои форми на рак
Што значи секоја боја во терапевтска смисла
- Црвена: Освежува и дава енергија на уморни и потиштени личности, но кај анксиозни лица може да предизвика возбуда.
- Сина: Помага при депресија и болка, а темните нијанси имаат седативно дејство и се препорачуваат при несоница.
- Зелена: Симбол на природата – опушта, смирува и го намалува стресот.
- Жолта: Подобрува расположение и внесува ведрина и оптимизам.
- Портокалова: Поттикнува радост, го зголемува апетитот и ја активира менталната енергија.
- Виолетова: Во многу култури симболизира мудрост и мир; го намалува стресот и внесува смиреност.
- Розова: Создава чувство на внатрешен мир и рамнотежа.
Иако постојат универзални толкувања за ефектите на боите, секој човек е различен. Боја што на повеќето им е смирувачка, кај некои може да предизвика анксиозност или депресија. Терапијата со бои секогаш треба да се прилагоди индивидуално.