
Тенис сепак ќе се игра, наместо рекет – со џојстик во раката
Организаторите на откажаниот Мастерс турнир во Мадрид најавија одржување на виртуелно натпреварување преку кое ќе се собираат средства за загрозените тенисери и ги открија имињата на првите четворица играчи.
Мастерсот во Мадрид требаше да се одржи во мај, но е откажан поради пандемијата на коронавирусот. Сепак, организаторите на турнирот дојдоа до идеја да организираат виртуелно натпреварување на кое најдобрите тенисери ќе играат видео игра.
Препорачано
– Размислувавме на кој начин да ги привлечеме навивачите. Започнувањето на виртуелен турнир ја нагласува техлолошката, младата и иновативната страна на на тенисот. Ќе организираме турнир за професионалните тенисери, а тие нема да мора да ги напуштаат своите домови. Целта на овој турнир не е само забаватам туку и да направиме нешто ваѓно за сите во овие тешки времиња – изјави директорот на турнирот, Фелисијано Лопез.
Виртуелниот турнир во Мадрид треба да се одржи од 27 до 30 април, а организаторот обезбеди и паричен фонд од 150.000 евра и за двете конкуренции. Победниците тоа ќе одлучат колку средства ќе донираат на тенисерите и тенисерките кои се послабо рангирани и не можат финансиски да се издржуваат додека тениската сезона е суспендирана. Исто така, организаторот ќе донира и 50.000 евра за борба против коронавирусит.
Турнирот ќе се игра во двете конкуренции, и во машка и во женска, а ќе учествуваат по 16 тенисери и тенисерки кои ќе бидат поделени во четири групи. Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат првопласираните двајца од секоја група.
More news! ? @andy_murray, @AngeliqueKerber, @CarlaSuarezNava and @la_pouille are playing in the #MMOPEN Virtual Pro! ? What do you think of the first competitors? ?#PlayAtHome pic.twitter.com/t4y7wd38Ba
— #MMOPEN (@MutuaMadridOpen) April 9, 2020
Организаторот ги откри и првите четворица учесници на виртуелниот турнир. Кај мажите први кои го прифатија предизвикот се Енди Мареј и Лука Пуј, додека кај дамите тоа се Анџелик Кербер и Карла Суарез Наваро.