И натаму е неизвесно дали Кристијано Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед/Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Тен Хаг ја одреди судбината на Роналдо во Манчестер јунајтед!?

Разочарувачка сезона за секој великан значи и „чистка во соблекувалната“. Тоа се очекува во Манчестер јунајтед по изборот на Ерик тен Хаг за нов менаџер.

„Чистка“ на Олд Трафорд, а некои од играчите веќе го потврдија заминувањето, како Хуан Мата и Немања Матиќ, додека на Пол Погба на 30 јуни 2022 година му истекува договорот и се најавува дека Французинот е многу поблиску до заминување отколку останување.

Веќе се најавени серија звучни засилувања со кои Тен Хаг би можел да има слични перформанси како што тоа го правеше во Ајакс во последните четири години. Извесно време се шпекулира и околу иднината на Кристијано Роналдо, особено откако Јунајтед остана без Лигата на шампионите, натпреварување кое е заштитен знак на славниот Португалец.

Британски „Телеграф“ во петокот објави ексклузива за иднината на Роналдо на „Олд Трафорд“, потврдувајќи дека најпопуларниот фудбалер на денешницата останува меѓу „црвените ѓаволи“.

– Новиот тренер смета дека би било целосно лудило да не се задржи Роналдо кој има уште една година од договорот – пишува Телеграф.

Иако има 37 години, Роналдо и покрај подемите и падовите беше најдобриот играч на Јунајтед оваа сезона со 24 гола и три асистенции. Сепак, и покрај одличниот индивидуален учинок со неколку рекорди, португалскиот ас секако не може да биде задоволен од оваа сезона, кој нема ниту еден освоен трофеј и не е во потесна конкуренција за освојување на „Златната топка“.

За потсетување, договорот на Кристијано Роналдо со Јунајтед е обврзувачки до крајот на следната сезона, односно до летото 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!