„Темплум“ го распиша конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ за 2022

Издавачката куќа „Темплум“ по седумнаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик. За наградата може да конкурираат исклучиво дебитанти, кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга.

Ракописите, треба да бидат напишани на кирилица, во македонска кодна поддршка, со фонт 12, проред 1,5 во А4 формат и не смее да бидат подолги од 160 страници, т.е. 300.000 компјутерски знаци, и покуси од 48 страници, т.е. околу 90.000 компјутерски знаци.

Под проза, пред сè, ги подразбираме кусите или подолгите раскази и романи, вклучувајќи ги и специфичните жанровски експериментални форми – посочија од „Темплум“.

Ракописите може да се испраќаат најдоцна до 15-ти ноември 2022 година, на следнава електронска адреса: [email protected]. За сите дополнителни прашања може да се обратите на истата адреса. Наградата, која изнесува 1.000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“, ќе се додели кон крајот на месец декември 2022 година.

Досегашни добитници на наградата „Новите!“ се: Алекс Букарски, Галијана Маркова (Будимка Поповска), Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон (Кирил Минанов), Дејан Мирчески, Драган Георгиевски, Михајло Свидерски, Сања Михајловиќ Костадиновска, Ѕвездан Георгиевски, Гето Руди (Дејан Василевски), Андреј Ал-Асади, Ирена Јурчева, Игор Лозаноски и Марија Ангеловска.

Целта на наградата е да ги промовира и афирмира новите автори во македонската книжевност, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, пред сè, но и економски и медиумски… Спонзор на наградата е Комерцијална банка Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот