Телефон во кој стилот и технологијата се спојуваат во едно

Во свет каде што сите на прв поглед телефони личат еден на друг, Galaxy Z Flip7 е вистинско освежување. Неговиот елегантен преклопен дизајн не е само практичен – туку е и моден додаток кој ќе привлече внимание каде и да се појавите. Мал е, компактен и лесно се сместува во секоја торбичка или џеб, а кога ќе го отворите – добивате импресивен, голем екран кој изгледа како да е направен за уживање во содржини.

 

Со надворешниот 4,1-инчен екран, не мора ни да го отворате телефонот за да одговорите на порака, проверите календар или смените песна додека сте во движење. Тоа значи помалку прекини, а повеќе време за моментите што навистина значат. А кога ќе го отворите – големиот Dynamic AMOLED екран ви овозможува да гледате серии, скролате или работите на јасен и светол приказ, дури и на најсилното сонце.

Камера за фантастични содржини

Galaxy Z Flip7 е создаден за креативци. Со двојната задна камера и можноста телефонот да стои сам во различни агли, добивате мини-статив вграден во вашиот уред. Совршен е за снимање TikTok видеа и рилсови без држач, за влогови во движење или за групни фотографии каде сите ќе бидете во кадар. Од брзи селфи моменти до професионални видеа, Flip7 ја прави секоја содржина посебна.

Телефон кој се прилагодува на вашиот живот

Без разлика дали сте на утринско кафе, на работна средба или на вечерно излегување, Flip7 изгледа совршено во секој амбиент. Неговиот преклопен дизајн ви дава чувство на уникатност и стил, додека функционалноста ви ја олеснува секоја ситуација.

Совршен дует со Galaxy Watch8

Кога ќе го спарите Galaxy Z Flip7 со новиот Galaxy Watch8 добивате комбинација која совршено се вклопува во динамичниот живот. Следете го вашето здравје, примајте нотификации директно на рака и контролирајте ги функциите на телефонот уште поинтуитивно. Flip7 и Watch8 се повеќе од уреди – тие се дел од вашиот lifestyle.

Екосистем што живее со вас

Galaxy Z Flip7 не е само телефон – тој е врата кон еден целосен Galaxy свет. Со новата One UI 7.0 добивате најинтуитивно искуство досега: побрзи анимации, паметни трикови за секојдневни задачи и интерфејс кој навистина работи за тебе. Телефонот и Galaxy Watch8 функционираат како совршено ускладен тандем, а благодарение на SmartThings, вашиот дом и канцеларија стануваат паметни простори. Со еден допир можете да контролирате бројни уреди во вашиот дом директно од телефонот или часовникот. Тоа е вистинска дефиниција на удобност и слобода.

Безбедност што не ја гледате, но чувствувате

Во време кога приватноста е скапоцена Samsung со Knox системот и најнапредната енкрипција се грижи вашите податоци секогаш да останат заштитени. Од поврзување со облакот, до користење на AI функциите – секој дигитален чекор е чуван со највисоко ниво на сигурност.

Try Galaxy – пробајте пред да одлучите

Благодарение на платформата Try Galaxy можете да ги искусите сите нови AI функции на Galaxy Z Flip7 уште пред да го купите и да се уверите дека тој не е само модерна алатка за комуникација и продуктивност, туку и ја обликува иднината на lifestyle технологијата како симбол на креативност, слобода и врвен дизајн.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот