Фото: EPA

Тејлор Свифт го изнервира Фарел Вилијамс: „Замолчете, никој не ве праша за да кажувате мислење за политика“

Американскиот изведувач и продуцент Фарел Вилијамс смета дека повеќето познати личности треба да стојат настрана од политиката.

„Јас не се занимавам со политика. Всушност, ме нервира кога гледам како некои познати личности се обидуваат да ви кажат за кого да гласате. Постојат познати личности кои ги почитувам, а имаат свое мислење, но не сите. Јас сум од оние кои велат: ‘Замолчи. Никој ништо не те праша’“, изјави тој, а пренесе „Пејџ сикс“.

Иако Вилијамс избегнува да открие за кого гласа, сепак со една изјава навести кој не му е омилен.

„Не сум сигурен дека некогаш ќе гласам за крајната десница. Се грижам за мојот народ и за земјата, но чувствувам дека има многу работа да се заврши и јас сум за акција“, рече тој.

Досега Тејлор СвифтОливија РодригоБили Ајлиш и нејзиниот брат ФинеасЏорџ КлуниБарбра СтрејсендЏон ЛеџендРози О’ДонелЏејми Ли КертисРоберт Де Ниро и други холивудски ѕвезди изјавија дека нивниот глас ќе оди за Камала Харис, додека Савана КрислиРоузен БарКид РокХулк Хоган и Илон Маск се за победа на Доналд Трамп.

Видео на денот