Хосеин Амирабдолахиан / Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV / POOL

Техеран смета дека проширувањето на војната меѓу Израел и Хамас е неизбежно

Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахиан, на својот катарски колега шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, му кажал дека ширењето на војната меѓу Израел и Хамас е „неизбежно“, пренесуваат иранските медиуми.

-Поради зголемувањето на интензитетот на војната против цивилното население во Газа, проширувањето на опсегот на војната стана неизбежно, изјави Амир-Абдолахиан во вчерашниот телефонски разговор со својот катарски колега, пренесе иранската Прес ТВ.

Британските медиуми наведуваат дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, Иран и терористичките групи што ги поддржува во Либан, Јемен, Сирија и Ирак се закануваат со регионален конфликт.

САД во регионот на Блискиот Исток испратија две групи носачи на авиони и подморница на нуклеарен погон во обид да го одвратат Техеран од заканата со регионален конфликт.

Катар, држава што има блиски врски со Хамас, се обидува да посредува за прекин на огнот и ослободување на заложниците кои ги држи оваа палестинската милитантна група во Појасот Газа, наведуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот