
Театарот за деца и младинци гостува во Мостар
Театарот за деца и младинци од Скопје вечер ќе ја изведе наградуваната куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ во Куклениот театар во Мостар, во рамки на петтиот Меѓународен фестивал на куклена уметност во Мостар (ФЛУМ 2025), што ќе се одржува до 26 септември во организација на Куклениот театар во Мостар.
Препорачано
Претставата е работена според истоимениот роман на Астрид Линдгрен, шведска авторка на романот „Пипи Долгиот Чорап“.
– Станува збор за динамична куклена адаптација со изразен сценски ритам и музички сегменти. Во фокус на дејствието е храброто и независно девојче Роња, чие растење е проследено со многу пресвртници. Приказната ги води гледачите низ свет на ривалски банди, таинствени шуми и фантастични суштества, а во него две деца од различни кланови на ограбувачи започнуваат една сосема поинаква авантура, притоа истакнувајќи ја силата на пријателството и изборот на сопствен пат, информира Театарот за деца и младинци – Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
20мин
-
22мин
-
44мин
-
51мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5