Таткото на Вања и денеска негира дека бил доушник на групата на Палчо

Александар Ѓорчевски, таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше убиена, повторно на денешниот распит кај јавен обвинител негира дека им дал информации на убијците за тоа кога Вања ќе излегува од дома и дека ќе биде сама. Од ОЈО Скопје известија дека во основа Ѓорчевски негирал дека давал информации за движењето на Вања кои што можеле да им помогнат на грабнувачите полесно да го изведат киднапирањето. Инаку, грабнувањето на Вања, според изјави на тројца осомничени кои биле соучесници во неговото извршување, излегло од контрола затоа што јавноста многу се ангажирала во пронаоѓањето на Вања. Како егзекутор, односно тој што го испукал куршумот, двајца сведоци го посочуваат Љупчо Палевски Палчо, инаку недостапен на органите на прогонот.

Институтот за судска медицина и криминалистика соопшти дека е завршена обдукцијата врз телата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Но, извештаите сѐ уште не се готови, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје.

Извештаите од обдукцијата треба да ги утврдат причините за смртта на малолетничката Вања и велешанецот Панче кои беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември, по нивното пријавување за исчезнување на 27, односно 24 ноември годинава.

За овој случај, во 48-часовен притвор се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски – Палчо, кој е во бегство и надвор од државата и за кого е донесена наредба за спроведување истрага и издадена е меѓународна потерница.

Скопскиот Кривичен суд синоќа определи краткотраен притвор од 48 часа и за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски заради опасност од бегство и влијанија врз сведоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот