Апсење/Фото: МИА

Татко и син од БиХ уапсени при кражба во германска продавница

Татко и син, државјани на Босна и Херцеговина, беа уапсени вчера во Берхтесгаден, Германија, откако беа фатени како крадат во продавница, пренесува Независне новине.

Според полициското соопштение, двајцата се сериски крадци со историја на кражби.

Според полицијата, еден од сведоците на кражбата забележал двајца мажи во продавница за електроника како земаат електрични апарати од полицата и ги ставаат во ранец.

Синот брзо ја напуштил продавницата откако обезбедувањето почнало да му се приближува и избегал пеш кон железничката станица. Таткото (58) бил задржан додека не пристигнала полицијата и на крајот успеал да го убеди својот син да се врати. И двајцата биле уапсени.

За време на претресот на автомобилот на мажите, полицајците пронашле дополнителна украдена стока што ја украле од продавници за градежни материјали кратко пред нивното апсење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот