Александар Тасевски/Фото: МИА

Тасевски: Ако не се расчисти инцидентот во М-НАВ не се исклучува можноста за штрајк на контролорите за летање

Во врска со денешниот упад во просториите на М-НАВ, претседателот на Синдикатот на контролори на летање рече дека не го знае точниот број на лица кои влегле во зградата, но дека во кругот на објектот од страна на обезбедувањето на Македонската навигација биле пуштени две до четири возила од кои потоа излегле непознатите лица. Тој најави дека можно е затворање на македонското небо доколку инцидентот не се расчисти, за телевизија Сител.

Исто така изјави дека не се исклучува можноста за штрајк на контролорите доколку не се расчисти инцидентот од попладнево кога во просториите на Македонската навигација беа нападнати тројца вработени од страна на свој колега и неколку други непознати лица кои успеале да влезат во објектот и покрај двојното обезбедување.

„Целиот овој настан предизвика дополнителен гнев и револт кај контролорите на летање така што, вечерва ќе се одржи состанок на кој не се исклучува можноста да одиме на варијантата на целосно затворање на воздушниот простор сè додека не се пронајдат и казнат сторителите на овој настан од денеска. Пред сè мора да го заштитиме секој контролор на летање како колега, секој друг вработен во оваа фирма, но и патницте“, вели Тасевски.

Првиот синдикалец додава дека во денешниот инцидент биле нападнати контролори на летање кои се етнички Албанци зашто, како што вели, застанале во одбрана на заложбите за професионализам во контролата на летање.

„Замерката била околу тоа зошто се поддржува Синдикатот, зошто не се тргнат од целата ситуација, што, знаејќи ги моите колеги сите до еден, нема да го направат тоа бидејќи сме цврсто решени дека професионализмот ќе ги спаси не само патниците кои не прелетуваат туку и нас како контролори на летање бидејќи нашата одговорност доколку нешто би се случило е голема. Напад на еден контролор на летање е напад на секој еден од нас. Дојден е момент кога МВР треба да преземе конкретни мерки во врска со сторителите, но и да го заштити објектот на М-НАВ кој е од витален државен карактер“, додава тој.

Денеска во просториите на Македонската навигација упаднаа неколку непознати лица и заедно со еден од вработените нападнале тројца други вработени во институцијата, според пријавата во МВР.

Упадот следеше непосредно откако претседателот на Синдикатот на контролорите на летање одржа прес-конференција на која алармираше за состојбата во македонската навигација со незаконски вработувања на партиски кадри.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот