Арбен Таравари- министер за здраство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Таравари: „Вреди“ размислува да биде една партија по локалните избори

Министерот за здравство, Арбен Таравари најави дека после локалните избори во октомври можно е да има спојување на четирите партии од коалицијата „Вреди“.

-До локалните избори сигурно нема да има спојување на Вреди, после локалните избори веќе сме размислувале и сме зборувале за тоа, можеби и може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија – изјави Таравари во интервју за Радио Слободна Европа.

На прашањето дали веќе се разговара, и дали има предлози за кандидати на „Вреди“ за локални избори, тој изјави дека веќе прават одредени анкети за одредени имиња.

-Секако дека се зборуваат веќе и правиме одредени анкети за одредени имиња. Во повеќето општини, кадешто мнозинство, односно има шанси и Албанците да победат, повеќе се Албанци, размислуваме за потенцијални кандидати. Меѓутоа, се надевам, кон крајот на март, ќе излеземе и со предлози кои би биле нашите кандидати во одредени општини за идни градоначалници – вели министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!