Арбен Таравари- министер за здраство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Таравари, ВМРО-ДПМНЕ и „албанските вазали“

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека користи „албански вазали“ за да ги обесхрабри албанските гласачи да гласаат во неколку општини.

Според Таравари, оваа стратегија има за цел да ги спречи Албанците да се мобилизираат, велејќи им дека во Липково, Гостивар и Врапчиште победниците се веќе сигурни.

„Не, напротив, мора да се мобилизираме колку што е можно повеќе. Ајде да излеземе и да гласаме и да му испратиме порака на Мицкоски: Албанците така мислат“, нагласува Таравари.

Тој ги повика Албанците во Македонија „да бидат одлучни и масовно да учествуваат на изборите“, додавајќи дека ова е најсилниот начин да ја покажат својата политичка волја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот