Фреди Меркјури / Фото: Angela Vinci / Zuma Press / Profimedia

Тапанарот на легендарните „Квин“: Фреди Меркјури на почетокот звучеше страшно

Тапанарот на рок групата „Квин“, Роџер Тејлор, се присети како звучел Фреди Меркјури кога првпат се оформила легендарната четворка. Тој призна дека, на почетокот, пејачот звучел како „маничен јарец“ и дека звучел „страшно“.

Тапанарот рече дека кога започнал бендот, неговата мајка била згрозена од препознатливиот оперски глас на Меркјури. Тејлор истакна дека Меркјури на крајот го усовршил својот глас, но дека тоа барало труд и работа, пишува „Дејли мејл“.

„Мислам дека не сфаќате колку страшно звучеше порано. Мислам, звучеше како маничен јарец. Звучеше необично, неговото вибрато. Лицето на мајка ми го виде… На крајот, тој стана нашиот прекрасен Фреди, кој никогаш нема да го заборавиме“, рече Тејлор и додаде дека Меркјури станал „колосална сила“, која може да стигне до задните редови на која било свирка или стадион.

Тој додаде дека од самиот почеток имале целосна доверба во неговите способности.

„Верувавме. Затоа што можевме да настапиме и верувавме во Фреди“, рече тој.

Да потсетиме, Фреди Меркјури почина во 1991 година од пневмонија поврзана со СИДА. По неговата смрт, бендот се распадна, но Роџер Тејлор и гитаристот Брајан Меј продолжија да настапуваат под истото име, но со друг пејач – Адам Ламберт.

Бендот неодамна целосно го преработи својот прв албум, речиси 50 години по неговото објавување. Меј призна дека новата верзија на албумот е подобра од онаа што излезе во 1973 година.

„Не велам дека оригиналната верзија беше лоша, едноставно не беше она за што сонувавме“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот