Откако ја презедоа власта, талибанците ги чистат ќелиите на Исламска држава низ Авганистан - Фотографија ЕПА

Талибанците забранија повеќе од 600 академски книги и учебници

Министерството за високо образование на Талибанците забрани 679 учебници и академски книги за авганистанските универзитети, се вели во официјалното соопштение.

Министерството издаде список од 50 страници на забранети книги и материјали откако формираше посебен комитет кој утврди дека содржината е идеолошки, религиозно, политички, културно и академски несоодветна.

На универзитетите им е наложено да ги суспендираат овие материјали додека не се пронајдат соодветни алтернативи. Забранети се книги на различни теми, од оние за исламски прашања, право, економија, новинарство, литература и психологија, до оние за инженерство, медицина, земјоделство и екологија.

Листата покажува дека многу книги се објавени во Иран, иако и оние од арапски, западни и авганистански издавачи се исто така забранети. Книгите напишани од жени исто така беа забранети, но министерството не посочи јасно дали ги забранува сите авторки, пишува Њујорк Тајмс.

Извор од министерството, рече дека првичниот предлог бил да се забранат сите книги од ирански издавачи и жени, но дека сè уште се разгледуваат авторки и дека конечната одлука сè уште не е донесена.

Откако Талибанците се вратија на власт во 2021 година, на авганистанските девојчиња им е забрането да одат на училиште по завршувањето на основното училиште. Владата на Талибанците сега не е признаена од никој освен од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот