
Талибанците тврдат дека го зазеле Кундуз, авганистанските власти негираат
Талибанците го зазедоа градот Кундуз, соопшти оваа вооружена група. Тоа е трет провинциски главен град што го презедоа џихадистите во последните три дена. Но, авганистанските власти негираат и тврдат дека се уште се водат борби.
Препорачано
Во соопштението на Талибанците се наведува дека тие го окупирале полицискиот штаб, седиштето на гувернерот и централниот затвор. Локални извори и новинари во Кундуз потврдија за Ал Џезира дека Талибанците се присутни во главниот град.
Денешното преземање на Кундуз доаѓа дојде откако џихадистите ги окупираа престолнините на провинциите Нимруз и Јоуџан во последните два дена. Кундуз беше под контрола на Талибанците во 2015 и 2016 година.
Талибанците вчера го зазедоа градот Шеберган, рече заменик -гувернерот на градот, еден ден откако Зарањ, град во провинцијата Нимруз, падна „без борба”.
„Новинар во центарот на Кундуз ни рече дека Талибанците ја презеле канцеларијата на полицискиот началник, канцеларијата на централниот изборен штаб и дека знамето на Талибанците се вее на кружниот тек во центарот на градот, изјави репортерката на Ал Џезира, која известува од центарот на Кабул. – Владата негира дека Кундуз падна, но очигледно падна, вели таа.
Иако Талибанците од петокот окупираа два провинциски престолнини, Кундуз – лоциран на крајниот север – е најзначајното место што го освоија Талибанците во своите офанзиви, започнати во мај, по повлекувањето на странските војници.
Наводно, авганистанските владини сили го напуштиле селото, но сега се обидуваат да одбранат голем број градови низ земјата.
Министерството за одбрана соопшти дека американските бомбардери Б-52 всиноќа погодиле неколку талибански цели во Шеберган.
Во исто време, интензивните борби продолжуваат во главните градови на јужните провинции Кандахар и Хелманд, кои Талибанците со недели се обидуваат да ги преземат.
Американската амбасада вчера издаде соопштение со кое ги осуди упадите на Талибанците во провинциските центри на југ и север.