
Талибанците молат за одмрзнување на сметките: „Само дајте ни ги парите“
Авганистанската талибанска влада врши притисок за ослободување на милијардите долари од резервите на централната банка, бидејќи нацијата погодена од големата суша се соочува со криза во готовина, масовен глад и нова иселеничка криза, пишува Ројтерс.
Препорачано
Авганистан складирал милијарди долари средства во странство со Федералните резерви на САД и другите централни банки во Европа, но тие пари се замрзнати откако исламистичките талибанци ја соборија владата поддржана од Западот во август.
Портпаролот на Министерството за финансии рече дека владата ќе ги почитува човековите права, вклучително и образованието на жените, бидејќи тој бара нови средства покрај хуманитарната помош за која рече дека нуди само „мало олеснување”.
За време на владеењето на талибанците од 1996-2001 година, жените во голема мера беа исклучени од платено вработување и образование и вообичаено мораа да ги покриваат лицата и да бидат придружувани од машки роднина кога излегуваат од дома.
„Парите и припаѓаат на авганистанската нација. Само дајте ни ги нашите сопствени пари. Замрзнувањето на овие пари е неетичко и е спротивно на сите меѓународни закони и вредности“, изјави за Ројтерс портпаролот на министерството Ахмад Вали Хакмал.
Еден висок функционер на централната банка ги повика европските земји, вклучително и Германија, да го ослободат својот дел од резервите за да избегнат економски колапс што може да предизвика масовна миграција кон Европа.
Состојбата е очајна
„Ситуацијата е очајна и износот на готовина се намалува. Во моментов има доволно да се одржи Авганистан до крајот на годината. Европа ќе биде најтешко погодена, ако Авганистан не добие пристап до овие пари“, изјави за Ројтерс Шах Мехраби, член на одборот на авганистанската централна банка.
Тој смета дека Европа мора да им помогне, бидејќи во спротивно, народот ќе продолжи да се иселува и да движи кон Европа
„Ќе имаме двоен удар, нема да можеме да најдеме леб и нема да можеме да си го дозволиме. Луѓето ќе бидат очајни. Тие ќе одат во Европа“, рече тој.
Повикот за помош доаѓа додека Авганистан се соочува со колапс на својата никаква економија. Заминувањето на силите предводени од САД и многу меѓународни донатори ја оставија земјата без грантови кои финансираа три четвртини од јавната потрошувачка.