Тага во Германија: Почина Андреас Бреме, човекот кој донесе светска титула на Мундијалот во 1990 година

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Утрово од Германија ни пристигнуваат тажни вести. На 63-годишна возраст починал легендарниот фудбалер Андреас Бреме.

Информациите кои ги пренесуваат германските медиуми се дека Бреме починал од срцев удар, а трагичната вест ја потврди и неговата сопруга Сузан Шефер.

Во фудбалот најмногу ќе остане запаметен како човек кој и донесе титула на Западна Германија на Мундијалот во 1990 година. На тој натпревар Бреме во 85. минута од пенал ги постави конечните 1:0 против Аргентина за која играше и славниот Диего Марадона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот