Преведувачката Лидија Танушевска е добитничка на наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик
Наградата за најдобар книжевен превод на македонски јазик „Драги“ за 2025 година ја доби Лидија Танушевска, за превод од полски јазик на делото „Емпусион“ од авторката Олга Токарчук во издание на „Антолог“. Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, претставник од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, д-р Јана Михајловска, член од семејството …