Страв, вознемиреност и проблеми со гневот – најчесто пријавувани проблеми на линијата за деца и млади „Ало Бушавко“
Во текот на минатата година, линијата за помош на деца и млади „Ало Бушавко“ при Првата детска амбасада Меѓаши добила вкупно 208 повици, најмногу за проблеми поврзани со менталното здравје. Најчесто пријавувани состојби биле страв, вознемиреност и проблеми со гневот. Според возрасната група, најмногу се однесувале на деца на возраст меѓу седум и девет години, …