Проектот „Урбани трансформации“ ќе биде претставен во македонскиот Културно-информативен центар во Софија
Изложбата со наслов „Урбани трансформации“ на 19 декември, во 18 часот, ќе биде отворена во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија. Изложбата е резултат на соработката помеѓу ликовните уметници Благојче Наумоски Бане и Јехона Ајрадини и претставува уникатна интерпретација на современите урбани простори. Проектот „Урбани трансформации“ се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните …