„Предавници“, „шугави медиуми“, „џган“: Функционери од партијата на Вучиќ навредиле новинари 141 пат во септември
Фондацијата „Славко Ќурувија“ соопшти дека во септември регистрирала 141 вербален напад од страна на државни функционери и пратеници на Српската напредна партија (СНС) врз критички медиуми и новинари, што е, како што се наведува, четирипати повеќе во однос на август, објави „Н1“. Според податоците на таа фондација, најактивни претставници на власта во вербалните напади врз …