Морбидно откритие: Археолозите пронајдоа место за жртвување деца старо 600 години во Перу
На копно во близина на градот Трухиљо, во северниот дел на Перу, археолозите откопаа останки на речиси 40 деца, за кои се верува дека ритуално биле жртвувани пред повеќе од 600 години, пренесува „Ројтерс“. „Многу од овие останки имаат исеченици на градната коска, некои на ребрата“, изјавил археологот Хулио Асенсио. Секое дете било погребано посебно, …