Неверојатен план! Режисерот на „Господарот на прстените“ ќе оживува изумрен вид птица висока до 4 метри
Режисерот на „Господарот на прстените“, Питер Џексон поседува една од најголемите приватни колекции на коски од моа – изумрен вид птица од Нов Зеланд. Неговата фасцинација со оваа птица слична на ној доведе до необична соработка со биотехнолошка компанија позната по своите амбициозни и контроверзни планови за враќање на изумрените видови во живот, пишува „АП“. …