Пораз и од Естонија, јуниорите ќе играат за 15 место на Европското првенство дивизија „Б“
Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација „Под 18“ загуби и од Естонија со 90:99 во натпреварот за пласман од 13 до 16 позиција на Европското првенство дивизија „Б“ во Португалија. Противникот успеа да стекне предност по 10 минути игра (26:19), а подоцна истата стана и „двоцифрена“ (35:23). Нашите кошаркарски надежи во следниот период играа подобро во нападот. …