ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бодан Арсовски: Со искуството кое го имаме точно знаеме што сака да слуша публиката во секој момент
Постојат имиња што не се само дел од нашата музичка историја, туку тие се таа историја. Едно од тие имиња е Бодан Арсовски, кој не е само басист. Тој е сведоштво и темел. Повеќе од четири децении, низ звукот на неговата бас-гитара тече звукот на една култура која се бореше да биде своја, иновативна, поинаква …