Удрил во куче и се повредил

Во СВР Скопје вчера е пријавено дека на улица „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Д.Ч.(45) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во куче, при што се здобил со тешки повреди. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.