Дел од Општина Карпош утре без вода

Прекин на водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од булевар „Партизански Одреди”, на потегот од булевар „8 Септември” до улица „Франклин Рузвелт”, непарни броеви, и корисниците од булевар „Партизански Одреди” број 48. ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информира дека корисниците ќе бидат без вода поради водоводен приклучок ф-100 мм на булеварот „Партизански Одреди” број 63.