Есеите на Влатко Деловски ги истражуваат суштинските етички и антрополошки предизвици на нашата доба
Првата книга на Влатко Деловски, насловена „Од личност до маска – за новата нормалност“, наменета за љубителите на философија, есеистика, личности и маски, беше промовирана на 10 јули во книжарницата „Или-или“ во Скопје. Промоцијата беше проследена со музички настап на „Второ колено“ – Дејан Петровиќ (Чапс), вокал и гитара, и Пеце Трајковски (Брада), перкусии и …