Централниот комитет на СИРИЗА го усвои предлогот за гласање недоверба на лидерот Каселакис
Со 163 гласа „за“ и 120 „против“ членовите на Централниот комитет на СИРИЗА денеска го одобрија предлогот да се гласа недоверба на лидерот на партијата Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина. Предлогот за гласање недоверба на лидерот беше доставен вчера од партиската фракција, т.н. „Група 87“, а за да се усвои предлогот беа …