Тошковски: ЦK eдногласно го овласти претседателот Христијан Мицкоски да преговара за ново парламентарно мнозинство

Новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ не предвидува почесни членови и почесни претседатели, што значи дека ниту Никола Груевски, ниту било кој друг почесен поранешен претседател согласно новиот статут не се повеќе почесни претседатели.

Откако неколку часа заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, непосредно по завршувањето на состанокот пред Палата др. Христо Татарчев се обрати Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

Донесени се две важни одлуки, едната од нив е дека Централниот комитет едногласно го овласти претседателот Христијан Мицкоски да преговара за ново парламентарно мнозинство, а со тоа и да ја состави новата влада. Втората одлука која е донесена вечерва е одлуката за измена на статутот на партијата, во насока на поголема демократизација на партијата, пренесување на поголеми надлежности на членството, органите и телата на партијата, следејќи ги современите искуства на големите европски десничарски партии- рече Тошковски.

Новите измени се револуционерни, потенцираше тој, во насока на поголема демократија во водењето на партијата. Повеќе право на одлучување на комитетите и членовите во водењето на политиката во партијата.

-Новини се; водењето сметка за евроспките вредности, воведувањето на непосреден избор на претседатели на општинските комитети и раководства во општинските комитети од страна на членството, демократски избор на идни државни функционери, кандидати за градоначалници и ограничување на правото на реизбор на претседател на партијата и останати партиски функционери- рече Тошовски.

ВМРО-ДПМНЕ на новите претседатели на сите органи и тела кои се бираат на конгрес согласно новиот статут им го ограничува мандатот на четири години, при што максимум на истата функција, кои да било од овие функционери, може да се задржат најмногу три мандати и тоа под услов третиот мандат да е избран од страна на партиските органи и тела со двотретинско мнозинство.

Новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ не предвидува почесни членови и почесни претседатели, што значи дека ниту Никола Груевски, ниту било кој друг почесен поранешен претседател согласно новиот статут не се повеќе почесни претседатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот