Фото: Општина Аеродром

Таблет за четворооделенците, униформи за сите основци во општина Аеродром

Општина Аеродром и годинава набави 915 таблети за четвртооделенците, како и 7 500 бесплатни униформи за сите ученици во основните училишта на нејзина територија.

Како што информираат од Аеродром, „Таблет за секое дете“ е проект што се спроведува веќе четврта година по ред, со цел дигитализација на образовниот процес, доближување на новата технологија до учениците, како и нејзина практична примена во наставата.

Таблетите и униформите денеска им беа поделени на учениците во ООУ „Блаже Конески“, а потоа градоначалникот Дејан Митески и министерката за образование Весна Јаневска  извршија увид во градежните активности за доградба на училиштето, капитален инфраструктурен проект што се реализира со 200 милиони денари поддршка од Владата.

Првата фаза од доградбата опфаќа изградба на нови 18 училници, голем хол со бина, главни скали и лифт, кујна со трпезарија, библиотека, нови тоалети и тоалет за лица со посебни потреби, како и други сервисни простории, а новиот објект ќе добие и енергетски ефикасна фасада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!