
Таа не старее: Вера Ванг наполни 75 години и откри како со години го чува младешкиот изглед
Модната дизајнерка Вера Ванг денеска го слави својот 75. роденден, а нејзините следбеници на социјалните мрежи се изненадени од нејзиниот младешки изглед.
Препорачано
„Воопшто не старееш“; „ Те молам, Боже, да се родам како Вера Ванг во мојот следен живот“, се дел од коментарите под нејзините објави.
Инаку, таа на денот на роденденот објави црно-бела фотографија на социјалните мрежи на која таа позира како мало девојче.

„Околу 1956. Само јас. Беше ноќта пред мојот роденден…“, напишала дизајнерката покрај фотографијата.
Ванг ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед во интервју за Би-би-си 100 жени, минатата година. Покрај тврдењето дека добриот сон е важен, таа додаде дека на крајот од денот се почестува со коктел со вотка, кој го смета за магичен еликсир. Нема проблем ниту да јаде брза храна.
„Јадам Мекдоналдс, апсолутно. Го нарачувам секој ден околу две недели, а потоа ја менувам исхраната“, откриал еднаш Ванг.
Обожава и крофни полни со крем и шеќер.
„Во суштина, работев цел живот, па всушност работата е виновна за тоа“, истакнала Ванг, додавајќи дека смета дека напорната работа ги одржува луѓето млади.

„Во модата сум од 19 години. Никогаш не размислував за изгледот, веројатно затоа што соработувам со најубавите жени на светот секој ден. Ги сметам за мои музи и можеби тоа е добар начин за справување со стареењето. Затоа секогаш велев дека тајната е во коктел со вотка“, изјавила таа.
Вера Ванг на само 23 години стана најмладата модна уредничка и стилистка на популарниот магазин „Вог“. Таа помина 16 години на таа позиција, а потоа продолжи да биде главен дизајнер за Ралф Лорен. Нејзиниот бренд ја отвори својата прва продавница на авенијата Медисон во 1990 година и оттогаш таа стана една од омилените светски невестински дизајнери. Денес, покрај венчаници, нејзиниот бренд произведува и облека за секој ден, чевли, модни додатоци, па дури и прибор за јадење.