Сипаници, Фото: Profimedia

СЗО повика на вакцинација против морбили

Светската здравствена организација повика на вакцинација против мали сипаници, бидејќи болеста минатата година се појавила во повеќе од 50 земји.

„Во изминатата година, сипаниците се појавија во повеќе од 50 земји, двојно повеќе отколку во 2022 година“, изјави Кејт О’Брајан, директорката за имунизација на СЗО.

Малите сипаници се заразна вирусна болест која предизвикува симптоми слични на грип и осип. Тоа понекогаш може да биде фатално, но може да се спречи со две дози од вакцината.

„Поради пандемијата „Ковид-19“, речиси 60 милиони деца ширум светот пропуштија да се вакцинираат“, рече О’Брајан.

На вакцинација против морбили вчера повика и Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот