фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Светскиот шампион Ферстапен најбрз во квалификациите за ГН Италија

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен од Ред Бул, денеска ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Италија.

Холанѓанецот Ферстапен стигна до пол-позицијата на патеката Монца за 1:18.792 мин.

Британецот Ландо Норис од Мекларен беше втор, додека неговиот тимски колега Австралиецот Оскар Пјастри го освои третото место.

Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, ги освоија четвртото и петтото место во квалификациите. Сепак, Хамилтон ќе стартува од 10 позиција поради казна.

Гран-при на Италија ќе се одржи утре (недела) од 15.00 часот. Пјастри е на првото место во пласманот на возачи со 309 поени, додека Норис е второпласиран со 275.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот