EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Светски рекорди на Дресел и на штафетата на Британија

Американецот Кејлеб Дресел ја оправда улогата на фаворит на финалната трка на 100 метри пеперутка и го освои златниот медал на Игрите во Токио со време на нов светски рекорд.

Дресел уште од самиот старт тргна одлично, и во финишот од трката успеа да го одбие нападот на Унгарецот Кристош Милан и да триумфира со време од 49.45 секунди, што е нов светски рекорд.Унгарецот на крајот мораше да се задоволи со сребрениот медал пливајќи 49:68 што е нов европски рекорд, додека бронзениот медал му припадна на Швајцарецот Понти. Ова за Дресел е трет златен медал на Игрите во Токио, тој победи и на 100 метри слободни и на штафетата 4х100 метри слободно.


На финалната трка на 200 метри слободно доминираа австралиските пливачки кои го освоија златниот и бронзениот медал. Најдобра беше Кејли Мекион со време од 2:04.68 минути, додека бронзата ја освои Емили Сибом. Меѓу нив се најде Канаѓанката Кајли Мас.

Кејти Ледецки ја потврди доминацијата на најдолгите пливачки дисциплини во базените, Американката по победата на 1.500 метри сега дојде до златниот медал и на трката на 800 метри слободно и по трет пат по ред триумфира на Олимписките игри во оваа дисциплина. Сега победи со време од 8:12.57 минути пред Титмус од Австралија  Квадарела од Италија.

Вториот светски рекорд го постави мешовитата британска штафета на 4х100 метри мешано. Одлучувачката предност ја направи Џејмс Гај во втората измена кога пливаше пеперутка. Покрај Гај штафетата на Велика Британија ја сочинуваа уште Кетлин Досон, Ана Хопкин и Адам Пити кои трката ја испливаа во време на нов светски рекорд од 3:37.58 минути. Сребрениот медал го освои Австралија додека бронзата и припадна на Италија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот