Светиот синод на ГПЦ: Причестувањето не може да биде причина за пренесување на болести

Во изминатиот период во Грција, со ширењето на Ковид-19, се отвори голема дискусија во однос на тоа дали верниците треба да се причестат, со оглед на тоа дека причестувањето со врши со една иста лажичка и чаша со вино

Новиот коронавирус беше една од темите на денешниот состанок на Светиот синод на Грчката православна црква и соопштуваат дека „причестувањето не може да биде причина за пренесување на болести”, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период во Грција, со ширењето на Ковид-19, се отвори голема дискусија во однос на тоа дали верниците треба да се причестат, со оглед на тоа дека причестувањето со врши со една иста лажичка и чаша со вино

– Причестувањето од истата чаша на животот, секако, не може да биде причина за пренесување на болести, затоа што верниците од сите возрасти знаат дека присуствувањето на Божествена причест, дури и во време на пандемија, претставува, практична афирмација на самопредавањето на Бога, но и силно покажување на љубовта, која го опфаќа целиот човечки и можеби оправдан страв, соопштуваат од Светиот синод на ГПЦ.

Додаваат дека „без никого да осудуваат за стравот и загриженоста”, тие ќе продолжат со литургиите и причестите во црквите.

Во соопштението, потсетуваат на мерките за заштита од новиот коронавирус и ги повикуваат оние кои имаат симптоми или припаѓаат на здравствено ранливите категории, со респираторни проблеми или дијабетес или кардиоваскуларни заболувања, да останат дома.

Била донесена одлука, за дополнително информирање на верниците, во црквите да се делат специјални информативни летоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот