Pixabay

„Суровите вистини“ на Фројд: Луѓето можат да се заштитат од напад, но се немоќни пред комплимент

Зигмунд Фројд, основачот на психоанализата, кој починал на денешен ден во 1939 година, верувал дека знаел како да навлезе во човечкиот мозок повеќе отколку што некој би сакал да признае. Ова се неколку од неговите „сурови вистини“:

1. Целта на животот е смртта
Лицето кое е свесно за овој совет ќе покаже храброст. Најважно е да се разбере смртта.

2. Две работи помагаат да се одржи здравјето: љубовта кон животот и љубовта кон работата.

Само затоа што ќе умреме не значи дека не треба да живееме најдобро што можеме. Нашата работа може или да ги разубави или да ги уништи нашите животи. Она што го правиме е многу важно бидејќи ја гради нашата личност.

3. Нашата сила е во нашата слабост
Непријателите можат да нè уништат само со притискање на нашите слабости. Ако некој ги прифати своите недостатоци, другите нема да имаат оружје со кое ќе нè уништат. Ќе станеме посилни ако ги прифатиме сите наши слабости и мани.

4. Она што го сметаме за љубов не е љубов, туку либидо. Тоа нема никаква врска со вистинската љубов.

Тестирајте ја вашата љубов: замислете колку болка може да ви предизвика вашата сакана личност. Ако сте подготвени да останете со него/неа дури и после тоа, тогаш тоа е вистинска љубов.

5. Луѓето се многу поморални отколку што мислат, и многу понеморални отколку што можат да замислат.

Секој си го избира својот пат во животот. Кој и да е патот што ќе го изберете, не ги критикувајте другите бидејќи тоа е понеморално од сè друго.

6. Соништата се патот кон потсвеста

Фројд бил првиот што го разбрал значењето на соништата и почнал да ги користи во терапијата. Без разлика на сè, тоа е единствениот начин да знаеме што нè мачи.

7. Нервозата е неможност да се поднесе неизвесноста

Нашата вознемиреност од неизвесноста е едно од најтешките чувства. Но, секој реагира на неа на различни начини.

8. Луѓето можат да се заштитат од напад, но се немоќни пред комплимент

Повеќето од нас не можат да поднесат критика, а речиси сите тешко прифаќаме комплименти.

9. За да разберете жена, мора да го претворите лавиринтот во права линија

Можеби причината е што мажите се предвидливи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот