Фото: Јутјуб

Супертрик: Еве како без мака да ги отстраните налепниците од теглите!

Отстранувањето на лепакот од стаклото е побрзо и поедноставно со помош на овој практичен совет…

Секоја домаќинка знае колку е незгодно да се отстрани самолепливата налепница од теглата или стакленото шише.

А теглите се секогаш добредојдени, па доколку сакаме повторно да ги употребиме, се обидуваме да ја тргнеме налепницата, но тек тогаш доаѓаме до вистинското мачење.

Со овој одличен трик, налепницата ќе ја отстраните многу лесно.

Фото: Профимедиа

Се што ви е потребно е масло и хартиен брисач!

– Ставете од маслото на брисачот, па со кружни движења поминувајте преку налепницата.
– Кога ќе ја поминете целата површина на налепницата измијте ја теглата со сјај и топла вода.
– На тој начин ќе ја отстраните маснотијата и остатокот од залепената налепница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот