Суперлига: Тешки победи на Вардар и Алкалоид

Фото: РК Вардар

Ракометарите на Вардар тешко го преживеаа гостувањето кај незгодниот Охрид и по голема борба славеа со 25:27.

Скоро 50 минути беше изедначен и најчесто еден од тимовите водеше со по еден гол разлика. Така беше се до 18:18 кога тогаш дојде до израз искуството на црвено-црните. Вардар во тие моменти се „одлепи“ на 6:2 и поведе со 24:20.

Сепак, тоа не го откажа Охрид кој успеа да ја врати неизвесноста (23:24). Меѓутоа, тоа беше се што направија бидејќи Вардар постигна гола по ред и дојдоа до победата.

Најзаслужен за победата на Вардар беше Хансер Родригез кој постигна десет гола, додека за домаќините по четири гола постигна Олјески, Оројникидзе и Гал Цицар.

Во вториот натпревар, Бутел се покажа како тврд орев за македонскиот вицешампион, првото полувреме беше изедначено, а така и заврши, на одморот се отиде со резултат од 12-12. Отпорот на домаќините беше скршен во текот на второто полувреме кога Алкалоид успеа да се одлепи и на крајот да ја сочува предноста за победа од 23-20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот