Трофејот на Европското првенство 2024/фото: EPA-EFE/Filip Singer

„Суперкомпјутерот“ објави кој е прв фаворит за титулата на Европското првенство 2024

Врз основа на 10.000 симулации, Англија и Франција се најголемите фаворити на Европското фудбалско првенство кое ќе стартува за 10 дена. Континенталниот собир ќе се организира во Германија од 14 јуни до 14 јули.

Во голема мера, секој се справува со очекувањата, го кажува своето мислење. Вклучен е дури и „суперкомпјутер“ со чија помош добивме бројни статистички податоци.

Најголемиот број симулации покажаа дека шампионот ќе дојде од групата „Ц“, репрезентацијата на Англија со 19,9 отсто.

На втората позиција е Франција со 19,1 отсто, следуваат Германците (12,4 отсто), Шпанците (9,6 отсто) и Португалците (9,2 отсто).

Современата технологија вели дека гледајќи ги сите шест групи, најизвесно е дека Англија ќе го заземе првото место меѓу конкурентите.

Најмали шанси за освојување на титулата на ЕП 2024 има репрезентацијата на Грузија, со 0,1 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот